ВМРО-ДПМНЕ: Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор

Од:

Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ковачевски нема политики, ниту проекти, тој владее ден за ден. СДС и ДУИ имаат за цел да останат ден повеќе на власт, а не да направат нешто за државата. Доколку Ковачевски имаше влада базирана на политики и проекти, немаше партии кои го донеле на власт и му даче можност да биде премиер, да го напуштаат. Никој повеќе не му верува на Ковачевски, ниту луѓето кои му дадоа шанса да стане премеир без избори.

Во СДС, а особено во ДУИ се свесни дека Ковачевски не може да добие избори, затоа се борат по секоја цена да ја задржат власта ден повеќе, а за тоа да се случи прибегнуваат кон уцени на пратеници. Пратениците кои го поддржуваа владејачкото мнозинство не сакаат да бидат дел од бродот кој тоне и затоа секој ден ќе бидат се помалку во таборот на СДС и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито