Заглавивме во снегот, ноќта ја поминавме во кола, а утрото помош најдовме во кабината на шумарот.
Вака изјави Драган Даничиќ во полициската станица Деспотовац од каде излезе со ќерката во раце. По Драган и неговата ќерка се трагаше од вчера, а беа заглавени во автомобил во снегот во близина на манастирот во Злот.
– Двајца момци не извлекоа со „тојота“ – вели Драган.
Тој нагласува дека неговата ќерка и тој се добро.
– Беше ладно, но имавме гориво. Ако некој оди во планина, нека го наполни резервоарот, порача Драган.
Тој објаснува дека одел во Злот да земе мед.
– Навигацијата ме наведе да возам преку планината. Пред мене слезе друг господин со џип и приколка, па мислев дека нема проблем и дека ќе го направам истото, но и тој се заглави таму горе – раскажува младиот човек.
Драган ја возел ќерката кај нејзината мајка во Зајечар, но по пат им се изгуби секаква трага, а мајката на девојчето го пријавила нејзиното исчезнување околу 19:00 часот, кога и почна големата потрага.