(ВИДЕО) Во Србија уапсени екстремисти кои му се закануваа на Вучиќ

Од:

Припадници на МВР во соработка со Агенција за безбедност и информирање и надлежните обвинителства во Белград и Нови Сад поради постоење основи на сомнение ги уапсија Д.К.(1988), Д.З.(1971) и Д.Б.(1987) дека сториле кривично дело повикување на насилна промена на уставната регулатива, а Д.Б се товари и за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Тројцата уапсени се обвинети дека ги повикувале граѓаните да се соберат масовно во Белград и насилно да ги урнат Владата и претседателот на Република Србија.

Кај Д.Б., полицијата пронашла карабина со оптика и муниција, која, како што се сомнева, претходно му ја предал М.Ј., кој е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Се сомничи дека оружјето претходно го отуѓил М.Ј, па се товари и за кривично дело тешка кражба.

Уапсен е и И.Т.(1995) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежните обвинителства.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски