ВИДЕО: Научникот што го предвиде земјотресот во Турција, алармирал и за Хрватска

Од:

Холандскиот истражувач Френк Хугербитс, кој ги предвиде неодамнешните катастрофални земјотреси во Турција и Сирија, во видеото на YouTube објавено пред четири дена рече дека 16 и 17 февруари се критични за „потенцијални големи сеизмолошки настани“ во централниот Медитеран.

Тој на картата прецизно ги означи областите Истра, Кварнер и јужна Италија.

Оваа информација е доста шокантна откако денеска во 10:47 часот токму Кварнер беше погоден од силен земјотрес со епицентар кај Крк.

Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван низ цела западна Хрватска, па и во Загреб.

Овој научник се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на 3 февруари објави дека земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ќе се случи порано или подоцна на југот на Турција. Тој потсети на ова во објава веднаш откако регионот беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он