Газдата на Челси, Тод Бели во вторникот бил во Париз каде што на состанок со газдата на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи разговарал за потенцијалниот трансфер на бразилската суперѕвезда Нејмар на „Стемфорд Бриџ“, тврди францускиот весник „Ле паризиен“.
Според нивните извори, Нејмар не е задоволен во Париз по повеќето конфликти што ги има со спортскиот директор Луис Кампос, а претходно повеќе француски извори тврдеа дека клубот е подготвен да го продаде Бразилецот бидејќи ја нарушува атмосферата во клубот.
Челси потроши над 600 милиони фунти на трансфери откако Бели и финансиската фондација „Клирлејк капитал“ го преземаа клубот во мај 2022, рушејќи го рекордот за клубот со 107 милиони фунти за Енцо Фернандез од Бенфика.
31-годишниот Нејмар има 12 гола и 10 асистнеции во Лига 1 оваа сезона.
Извор: Топспорт