Костадиновска-Стојчевска: Министерството не одлучува по партиски клуч за конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес

Од:

Партиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години, како што сите паметиме дека тоа се случуваше, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по брифингот со медиумите.

Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи.

– Никогаш да не се гледа на индивидуалност, да не се гледа на партиска припадност, како што сум сигурна дека тоа комисиите ниту за овој повик не го правеа, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Во однос на издавачите, министерката за култура потенцира дека тече времето за поднесување жалби. Рокот за поднесување жалби е 15 дена.

– Ги повикувам сите кои сметаат дека на кој било начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби, рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.

Изминатиот период имаше реакции во однос на конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Горан Наумовски

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

Горан Наумовски

Бисера Костадиновска со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Катерина Ѓуровски