ВИДЕО: Циклонот Габриел се оддалечи од Нов Зеланд, тројца загинати, потопени куќи, однесени мостови

Од:

Циклонот Габриел денеска ослабе и се оддалечи од Нов Зеланд додека земјата почна да ги проценува штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од кал и силните ветрови што предизвикаа смрт на три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.

Габриел, циклонот што стигна до Нов Зеланд во неделата пред да се пресели по источниот брег на Северниот остров, отсече цели градови, однесе фарми, мостови и добиток и потопи куќи, пренесоа светските агенции.

„За среќа, пројдовме низ најлошото невреме, но сè уште не сме надвор од опасност“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти, за време на брифингот за медиумите на телевизија.

„Ова е значајна катастрофа и ќе бидат потребни неколку недели за да се опорават оние области кои се најпогодени… Ние сме во ова на долг рок“, рече министерот.

Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг откако циклонот вчера го принуди Нов Зеланд да прогласи национална вонредна состојба, само трет пат во својата историја.

Делови од Новозеландскиот Северен Остров, дом на околу 75 отсто од петте милиони жители на земјата, ја доживуваат втората голема бура во последните недели. Рекордните дождови минатиот месец предизвикаа поројни поплави, а четири лица го загубија животот.

Екипите за итни случаи вчера пронајдоа тело за кое се верува дека е тело на доброволец пожарникар кој исчезна од неделата вечер по лизгање на земјиштето на плажа во близина на најголемиот град во земјата, Окленд, соопштија властите. Уште две лица се потврдени мртви во заливот Хок, регион на источниот брег на Северниот остров. Властите проценуваат дека досега се раселени повеќе од 10.000 луѓе.

Премиерот Крис Хипкинс го нарече овој циклон „најзначајниот временски настан што се случи во Нов Зеланд овој век“, а беше прогласена национална вонредна состојба за една недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска