ДОМ со условена поддршка за Владата

Од:

ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси соопшти партијата по денешната седница на Централниот одбор.

– Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ: да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата; да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите и да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност се наведува во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Морачанин: Измените на Кривичниот законик не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси