ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека сите ќе плаќаат по 250 денари за здравствената картичка

Од:

Лицата кои се корисници на социјална парична помош и за членовите на нивните семејства и лицата корисници на постојана парична помош, се ослободени од плаќање на трошоци за електронска здравствена картичка.

Вака реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по замерката од опозицијата дека владата ги рекламирала здравствените картички како беспплатни а сега ќе ги наплатува по 250 денари.

„За невработени лица, пензионери со нето пензија до 15.000,00 денари, самохрани родители и деца без родители и родителска грижа до 18 години, како и за лицата осигурани преку нив, трошоците за картичката изнесуваат 100 денари.

Факт е дека СДСМ го остави здравствениот систем со долгови од над 50 милиони евра, и за период од само 4 години успеа за повеќе од три пати да ги зголеми долговите во здравството. Дрско и безобразно е следбениците на Црвенковски да го лажат сопствениот народ и да ги напаѓаат оние кои за повеќе од три пати го намалија истиот оној долг кој го создаде СДСМ.

Дрско, безобѕирно и политички некултурно е да се каже дека сите два милиони граѓани во Република Македонија треба да платат по 250 денари за електронската здравствена картичка, кога јавно, во Службен весник на Република Македонија е објавен прописот со кој јасно и недвосмислено регулира дека:

Лицата кои се корисници на социјална парична помош и за членовите на нивните семејства, и лицата корисници на постојана парична помош, се ослободени од плаќање на трошоци за електронска здравствена картичка.

За невработени лица, пензионери со нето пензија до 15.000,00 денари, самохрани родители и деца без родители и родителска грижа до 18 години, како и за лицата осигурани преку нив, трошоците за картичката изнесуваат 100 денари.

Во исто време потенцираме дека е безобѕирно да ги лажете граѓаните дека сите треба да издвојат по 250 денари за електронската здравствена картичка, особено невработените лица, лицата кои се корисници на социјална парична помош и членовите на нивните семејства, и лицата корисници на постојана парична помош – лица кои директно вие ги втурнавте во таква состојба.

Секогаш кога Менде Диневски или било кој друг следбеник на Црвенковски ќе се одважи да излезе во јавноста со лажно душегрижништво за македонските граѓани, задолжително претходно треба да си го постави прашањето- зошто Бранко Црвенковски и неговите следбеници директно го осиромашија македонскиот народ, стотици илјади луѓе оставија без работа, ја продуцираа сиромаштијата во Република Македонија, илјадници граѓани во Република Македонија ги претворија во социјални случаи. Тука е и основното прашање кое следбениците на Бранко Црвенковски треба да си го постават: „Дали ова е направено од незнаење и неумеење како да се управува со сопствената држава, или како резултат на големата алчност за власт, пари и моќ?“

На крај сакаме да потенцираме дека сите средства од електронската здравствена картичка, ќе бидат инвестирани за набавка на два нови акцелератори во Битола и Штип. Дополнително потенцираме дека сите овие средства нема да бидат доволни да ја покријат потребната инвестиција за овие апарати, па затоа Владата одлучи да обезбеди и дополнителни средства за реализирање на овој проект“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен