Познат фудбалер во критична состојба по троен мозочен удар, лекарите се борат за неговиот живот

Од:

Фудбалерот на АЕК кој е на позајмица во Зорја, Олег Данченко, во моментов е во критична состојба по троен мозочен удар.

Како што пренесуваат странските медиуми, Олег се онесвестил на тренинг, но клупскиот лекар го вратил во живот со помош на дефибрилатор.

Фудбалерот моментално е на одделението за интензивна нега и лекарите се борат за неговиот живот.

На почетокот на минатата година на украинскиот фудбалер му се случи страшна трагедија, кога во сообраќајна несреќа загина неговата сопруга.

Инаку, Данченко играше за Черноморец, Анжи, Јенисеи, Рубин, Шахтјор и УФУ, игра на позицијата десен бек и во 2018 година доби покана да се приклучи на украинската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ