Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Србија и 14 километри северозападно од градот Таргу Зију.
Министерството за внатрешни работи на Србија на Инстаграм потврди дека во 15:58 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на градот Крајова во Романија.
Земјотресот е почувствуван и на територијата на Србија, информираа од МУП.
#BREAKING It is reported that an #earthquake of magnitude 5.2 (Ritcher) has occurred in #Romania. pic.twitter.com/jUO2uZT3f9
— Ale (@IglesiasVilches) February 13, 2023
По него следеше уште еден земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 15 километри, соопшти EMSC.
Тој послаб земјотрес се случи на 68 километри североисточно од Дробет-Турну Северин и 15 километри североисточно од Тисман.
Недолго потоа Романија ја погоди уште еден земјотрес, четврти по ред, со јачина од 2,9 степени.