Американската војска денеска соопшти дека соборила неидентификуван летечки објект. Леталото е соборено над езерото Хјурон.
Странските медиуми јавуваат дека тоа е трет објект за три дена.
UFO Shoot Down in Lake Huron, Michigan#Huron #Michigan #ufotwitter #UFO #UFOs #UFOshotdown #ufoalaska #aliens #pentagon #NORAD
Long Version:https://t.co/XMZ6z6unR1 pic.twitter.com/4i1PBD3s5S— Meteor News (@FishNewsChannel) February 12, 2023
Претставникот на државата Мичиген, Џек Бергман, кој е пензиониран воен офицер, рече дека бил во контакт со своите колеги од Министерството за одбрана и рече дека му било кажано дека летечки објект е забележан како поминува преку Големите езера.
„Војската отстрани уште еден „објект“ над езерото Хјурон“, рече тој, пренесува Дејли мејл.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа соборен неидентификуван летечки објект, но тоа се уште не е официјално потврдено.