Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната видео конференција изрази несогласување со изјавата што претходно ја даде шефот на руската агенција за стратешки иницијативи Роберт Уразов. Средбата беше организирана по повод одбележувањето на 100-годишнината од руското цивилно воздухопловство. Снимката од средбата ја објави руската државна новинска агенција ТАСС.
46-годишниот функционер се обиде да ја задржи насмевката на лицето додека Путин ја коригираше неговата изјава. Според рускиот лидер, Уразов направил грешка кога спомнал дека има земји кои се супериорни во однос на Русија.
During virtual meeting, -Putin corrects a slip-up and reminds that #Russia IS the best country in the World, despite need to work on some issues. pic.twitter.com/kwgWt3LalB
— Global News (@YvesUitGent) February 9, 2023
„Посветив внимание на она што го кажавте „во другите земји, најдобрите во светот“. Најдобрата земја во светот е Русија. Се надевам дека едноставно неправилно се изразивте“, рече Путин.
„Но, вистината е дека имаме многу да работиме, а за да работиме ефективно, секако ни требаат најквалификувани кадри, а тоа е најважната област на нашата активност, така што сите ваши иницијативи на овој план, се разбира, ќе бидат поддржани“, заклучи рускиот претседател.