Беким Сали му врати Ковачевски: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек

Од:

Министерот за здравство, Беким Сали преку социјалните мрежи упати сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски.

– Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот, напиша министерот.

Министерот му одговори на премиерот Димитар Ковачевски кој претходно рече дека тешката бирократија во Македонија е виновна за смртта на Благојче Илиевски кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза затоа што го чекаше лекот „трикафта“.

Ковачевски кажа дека разговарал со министерот за здравство Беким Сали дека оваа ситуација за него е неприфатлива.

„Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите. (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.(2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства. (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.

Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот“, вели Сали.

„Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика.

Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси“, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Предраг Петровиќ

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави