Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Од:

Обвинувањата на Западот дека рускиот претседател Владимир Путин бил директно вмешан во соборувањето на патничкиот авион МХ17 во источна Украина во 2014 година се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, тврдењата дека Путин одлучил да го распореди вооружениот систем Бук во регионот Донбас во источна Украина немаат основа, пренесува Јутарњи лист.

Сите 298 лица загинаа во јули 2014 година во авионот што беше соборен над спорната територија во Украина.

Меѓународен тим на истражители во Холандија вчера соопшти дека пресретнати телефонски повици укажуваат на активната улога на Путин во соборувањето на авионот.

– Русија на ниту еден начин не учествуваше во истрагата. Следствено, не можеме да ги прифатиме резултатите, особено што не беа дадени причини за таквите изјави, рече Песков.

Но, Русија, според истрагата, одбила да соработува.

Иако истражителите немаат директни докази дека Путин се согласил да го собори авионот, постоеле „силни индикации“ дека Путин одлучил да им ја обезбеди на проруските сепаратисти противвоздушната ракета Бук што го собори авионот.

Русија упорно негира каква било вмешаност во соборувањето на авионот Боинг на Малезија ерлајнс.

Со оглед на тоа дека повеќето од жртвите се од Холандија, истрагата беше таму спроведена.

Главниот обвинител Андриј Костин вчера изјави дека Украина ќе ги искористи сите меѓународни правни механизми за да се обиде да го изведе Путин пред лицето на правдата за соборувањето на авионот на Малезија ерлајнс.

Обвинителите вчера изјавија дека не можат да ги идентификуваат конкретните војници одговорни за истрелувањето на проектилите што го урнаа авионот, пишува Јутарњи лист.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување