Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски со години ги злоупотребуваат трагичните судбини на болните од цистична фиброза ветувајќи им лек, се сликаа со нив, ги користеа за себе промоција и на крај ги оставија без нужниот медицински третман, резултат е починат наш сограѓанин на кого Стево Пендаровски лично му ветуваше помош рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
– Соопштението од страна на претседателскиот кабинет по средбата на Пендаровски со Здружението на болни од цистична фиброза, уште стои на веб страната на оваа институција, но заложбите на Пендаровски останаа само ветување и злоупотреба на случајот на 130 наши сограѓани во политички цели. Големата желба за лична промоција, како и отсуството на одговорност кај претседателот на државата Стево Пендаровски, не им помогна на луѓето што бараа негова помош, иако истата тој им ја вети. Оваа влада, само за оваа година ќе потроши 5.3 милијарди евра и секојдневно се задолжува за да се луксузира со нови возила, скапи гозби по ресторани, а нема ниту желба ниту се способни да набават лек што е достапен во сите држави, освен во Македонија и Косово рече Ковачки.