Австралиски војници ќе обучуваат украински сили во Велика Британија

Од:

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека австралиски војници ќе обучуваат 200 украински војници во Велика Британија.

Засега 70 австралиски војници се распоредени во Британија за да започнат програма за обука на украинските регрути. Украинските регрути најпрво поминаа една недела основна обука од 1-виот баталјон на ирската гарда, додека австралиските војници, главно членови на 5-от баталјон на кралскиот австралиски полк, ќе го спроведат остатокот од обуката.

– Наша одговорност е, без разлика на позадината, сите регрути во нашата чета да излезат со истите основни воени тактики и вештини за адекватно да се одбранат себеси, своите колеги и својот суверенитет, рече Грег Сарџент, кој командува со австралискиот контингент.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас уште во јануари рече дека австралиските војници ќе се приклучат на програмата за обука предводена од Британија. Валас тогаш рече дека програмата веќе била поддржана од Канада, Данска, Финска, Шведска, Литванија, Норвешка, Нов Зеланд и Холандија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски