Асоцијација за цистична фиброза: Нема поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек

Од:

Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек!, велат од Асоцијацијата за цистична фиброза.

„Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта. Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ и официјално ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки“, соопштуваат од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Би можело да ве интересира

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Предраг Петровиќ

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави