Од владината седница: Динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог

Од:

Владата на денешната седница го утврди Планот за активности во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од Министерството за надворешни работи.

– По успешно одржаниот Стратешки дијалог со САД (02.06.2022 година), од страна на Министерството за надворешни работи, а во координација со другите релевантни институции, е пристапено кон подготовка на документи, со содржани предлог проекти за соработка со САД (остварливи на краток и долг рок), а на основа на дискусиите и добиената поддршка во рамки на Стратешкиот дијалог, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Утврдувањето конкретни проекти за соработка на основа на разговорите во рамки на Стратешкиот дијалог – преточени во План на активности, според посочувањето од Министерството за надворешни работи, се посочува во соопштението, ќе овозможи динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог.

Задолжено е Министерството за надворешни работи да го следи текот на реализацијата на проектите наведени во Планот и на секои шест месеци да поднесува извештај до Владата.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски