Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Од:

Поранешниот премиер на Велика Британија сер Џон Мејџор (79) денеска пред Вестминстерскиот комитет изјави дека Британија направила „голема грешка“ кога ја напуштила Европската Унија.

Мејџор рече дека иако не е „голем еврофил“, тој верува дека Британија била посилна кога била во ЕУ, објави Блумберг.

Заменик-претседателот на Алијансата Стивен Фери го праша Мејџор дали би била предност за Велика Британија да биде во ЕУ за време на почетокот на мировните преговори во Северна Ирска во 1990-тите.

Мејџор, кој водеше кампања за останување во ЕУ во пресрет на референдумот за Брегзит во 2016 година, рече дека членството во европскиот блок „го олесни патот“ за голем број договори на почетокот на процесот.

Тој исто така оцени дека ЕУ не е ни приближно совршена, додавајќи дека сепак, ултра-брегзитерите го нарекле голем еврофил.

– Тоа всушност не е точно. Јас сум многу практичен Европеец. Има многу работи што не ми се допаѓаат. Но, тогаш се прашувам – дали мојот народ е подобар и побезбеден во Европската Унија или надвор од неа, потенцираше Мејџор.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ