ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Од:

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) апелира граѓаните пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура.

Порачуваат доколку постои каков било сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

-Државниот пазарен инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава, велат од ДПИ.

Нагласуваат дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на земјава за да може да презема мерки за решавање на претставки за нарачки од меѓународни веб продавници.

-ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот, посочуваат од ДПИ.

Регистриран онлајн трговец, истакнуваат, значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ.

Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.

-Граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, проблем е и не издавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи, прецизираат од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

A1on

Синдикат на ДПИ: Во дел од образовните установи се вработуваат лица на водечките позиции кои не се квалификувани

Горан Наумовски

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

A1on