Општина Центар: Тажно е што ВМРО-ДПМНЕ политички ги злоупотребува децата

Од:

Општина Центар иако сака да им излезе во пресрет на родителите и на учениците од основните училишта Гоце Делчев, Јохан Х. Песталоци, 11 Октомври и ОУ Димитар Миладинов кои бараат на нивните деца од 4то и 5то одделение да им биде овозможен целодневен престој, сепак тоа не може да го стори поради законската регулатива.

Во Законот за локална самоуправа, единицата на локална самоуправа според Правилникот за систематизација на работни места не опфаќа наставен кадар кој би можел да се вработи по училиштата и на тој начин да се премости проблемот со новите вработувања.

Согласно укажувањето на Министерството за образование, општина Центар беше задолжена да достави барања за нови финансирања во основните училишта на територија на општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар во законски предвидениот рок. На 25ти јули достави барање до Министерството за образование и наука за одобрување средства за финансирање на нови девет наставници за одделенска настава во училиштата кои потпаѓаат под Општина Центар.

Општина Центар побара и вработување на дефектолог. Овие барања од општината се поради зголемениот број на ученици. Од тогаш до денес и покрај неколкуте ургенции и укажувања дека ќе настане проблем со почетокот на учебната година, одговор од Министерството за образование и наука нема.

Општина Центар минатата година, според информациите од стручните служби, се соочи со истиот проблем, но тогаш раководството донело одлука за финансирање на наставници кои ќе ја изведуваат целодневната настава со средства од буџетот на општината. Овие четири наставници беа на платен список на општината. Ова е кршење на законот за локална самоуправа бидејќи таму јасно стои дека општината не може да има вработено наставен кадар во општинските основни училишта.

Новото општинско раководство не се согласува со непочитување на законските процедури и затоа повторно апелира до надлежното министерство да ги разгледа барањата и да постапи според барањата на родителите во Општина Центар.

Реакциите и написите кои денеска се појавија во дел од медиумите не ја одразуваат вистината и за жал се дел од политичка манипулација. Тажно е што ВМРО – ДПМНЕ и децата ги вовлекува и употребува за политички цели.

1

2

3

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории