Полицијата ги пушти граѓаните на гробот на Гоце Делчев

Од:

Полицијата дозволи и граѓани кои не се пријавиле да се поклонат на гробот на Гоце Делчев. Неколку стотини граѓани се собраа на контролниот пукд во обид да стигнат до црквата Свети Спас и да му оддадат почит на револуционерот на денот на неговиот роденден.

Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата.

Во долга редица на влезот на црквата Св. Спас, граѓаните мирно чекаат да стигнат на ред да се поклонат.

Метеж има и на сите полициски пунктови околу црквата Св. Спас каде граѓаните во големи групи мора да поминат полициска контрола.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски