Колумбиската пејачка Шакира вчера го прослави својот 46-ти роденден, а пред нејзината куќа ја пречека толпа обожаватели кои во еден момент ја расплакаа и таа излезе од куќата за да ги прегрне.
Шакира ја гледаше насобраната толпа од балконот и ги поздравуваше додека тие ги пееја нејзините роденденски песни. Пејачката не ја тргна насмевката од лицето, а во еден момент се чинеше дека ќе заплаче.
Shakira salió de su casa a agradecer a los fans q estaban fuera 😭😭❤️ pic.twitter.com/UMSQjY44le
— Shakira-Barranquilla (España)🤖 (@sweetycary) February 2, 2023
На крајот таа се симна од балконот и им се придружи на насобраните на улицата и срдечно ги поздрави сите, а многу од нив ги прегрна.
„Те сакаме“, воодушевено извикуваа фановите откако им се придружи убавата Колумбијка, а во еден момент се појавија и Маријачи.
Shakira con un poco de lágrimas en los ojos bailando y sonriendo en el balcón de su casa. Platicando con sus fans. Pocos artistas lo hacen en el mundo. Está feliz y agradecida 💕 pic.twitter.com/MBK2vDnykP
— Shakira en español 🎶 (@shakiracarla) February 3, 2023
Шакира организирала и забава во својата куќа за своите пријатели, а за нејзиниот 46-ти роденден и небото било осветлило со неколку огномети. На снимките од социјалните мрежи се гледа како пејачката расположена танцува со своите пријатели и гости.