„Форин аферс“: Во следните шест месеци ќе бидеме сведоци на голема човечка трагедија

Од:

Во следните шест месеци ќе бидеме сведоци на голема човечка трагедија. Украинските вооружени сили ќе се соочат со тешки услови на бојното поле, пишува „Форин аферс“.

Во текстот потоа се додава дека украинските цивили ќе продолжат да трпат секојдневни руски напади. Во меѓувреме, недоволно опремените и слабо водени единици на Русија ќе претрпат големи загуби, уништувајќи ја преостанатата борбена способност на земјата.

Во текстот се додава дека руската војска веќе претрпе над 100.000 смртни случаи и повреди, според началникот на здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили.

„И благодарение на негрижата и суровата рамнодушност на режимот на претседателот Владимир Путин, уште илјадници ќе загинат оваа зима поради бесчувствителното непочитување на човечкиот живот“, пишува „Форин аферс“.

Весникот предвидува дека помошта на нововетените западни тенкови и друго оружје ќе им даде можност на украинските вооружени сили да го ослободат Крим, кој беше анектиран од Русите во 2014 година.

„Форин аферс“ оценува дека доколку сега започнат мировните преговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да биде отворен за договор за Крим. Но, ако борбите продолжат во пролет и лето, а Украина и нанесе големи загуби на Русија, ќе станува сè потешко за Зеленски да му дозволи на Путин да го спаси лицето и да и дозволи на Русија да продолжи со привремената окупација на Крим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина