На Украина треба да и се дозволи да влезе во НАТО веднаш штом ќе заврши војната вели новиот чешки претседател

Од:

Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел изјави за Би-Би-Си дека на Украина треба да и се дозволи да се приклучи на НАТО штом војната ќе заврши. Пензионираниот генерал на НАТО рече дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да стане дел од алијансата штом ќе заврши конфликтот.

Павел го поддржа и Западот во снабдувањето со оружје на Украина.

„Горд сум што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина. Веројатно многу малку луѓе можеа да замислат дека западните земји ќе бидат подготвени да и снабдат на Украина модерни борбени тенкови или артилериски или противвоздушни системи со долг дострел “, истакна тој.

Сепак, тој тврди дека се уште тоа не е доволно, со оглед на ресурсите на руската армија.

„Немаме алтернатива. Ако ја оставиме Украина без помош, тие најверојатно ќе ја изгубат оваа војна. А ако изгубат – сите губиме“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната