(ВИДЕО) Путин: На Сирија и доставивме дел од ракетите С-300

Од:

Во интервју за руската телевизија и агенцијата Associated press, рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста Русија да ја поддржи резолуцијата на ОН за напад на Сирија, но само ако постојат цврсти докази на експертскиот тим за употреба на хемиско оружје ис страната на сириската војска.

Тој ги отфрли тврдењата на САД, дека режимот на Башар ел Асад користел хемиско оружје во нападот на предградието на Дамаск на 21. август.

-И порано кажав дека е апсолутно смешно војската на Сирија која е во офанзивна позиција во некои региони, која ги опколи бунтовниците и е пред конечна победа, да користи забрането хемиско оружје, рече Путин.

-Дури и САД имаат експерти кои се сомневаат во валидноста на она што таму беше претставено како доказ за употреба на хемиско оружје. Тие експерти не ја исклучуваат можноста дека бунтовниците имаат изведено таков напад како би ги испровоцирале западните сили воено да интервенираат, рече Путин.

C300RUsija

Путин потврди во интервјуто дека Русија на асадовата војска му има испорачано дел од нарачаните ракети С -300, но кажа и дека другиот дел од испораката сега е стопирана.

Рускиот претседател посочи дека снимките од хемискиот напад во Дамаск се ужасни, но според него дилемата е кој го направил тоа.

Тој кажа дека го дели мислењето дека снимките всушност се компилација направена од бунтовниците кои се поврзани со Ал Каеда, што според него го знаат и безбедносните сили на САД.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски