Новак Ѓоковиќ можеби нема да може да игра на пролетниот Мастерс, но се поизвесно е дека ќе игра на УС Опен.
Имено, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19.
Се претпоставува дека со укинувањето на вонредната состојба ќе се прекине и барањето за вакцинација за секој што сака да влезе во границите на САД.
Тоа значи дека невакцинираните лица, како Ѓоковиќ, ќе можат да влезат во САД без никакви ограничувања.
Доколку се потврди датумот за 11 мај, Ѓоковиќ може да нема проблем да учествува на четвртиот ГС во сезоната, како што е вообичаено меѓу август и септември.