Денеска ќе биде променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег

Од:

Денеска ќе биде променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Според УХМР и во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка