Автобус со фудбалери падна од мост во Бразил, има загинати во страшна несреќа

Од:

Фудбалскиот клуб Вила Марија Хелена доживеа страшна трагедија кога автобусот со своите играчи излетал од мостот, пишува Глобо.

Бразилските медиуми јавуваат дека досега четири лица загинаа, а 29 се повредени во несреќата што се случи во понеделникот на патот БР-116 и мостот на реката Анг во Алем Параиба.

Автобусот превезувал млади фудбалери до Дуке де Касилјас, а тројца од загинатите се млади и еден возрасен.

Телата се уште не се идентификувани, но се знае дека во автобусот се наоѓале возачот, членови на стручниот штаб и 28 фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

Клубот се враќаше од Убапораж, од турнирот каде што беше шампион, а најголемите бразилски клубови се солидаризираа во моменти на голема тага.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он