Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сите опции се на маса за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје.
Блинкен за Ал Арабија истакна дека Иран го отфрлил сегашниот предлог за враќање на нуклеарниот договор, додавајќи дека Вашингтон сè уште верува дека дипломатијата е најефективниот начин за решавање на иранското нуклеарно прашање.
Шефот на американската дипломатија, пред да замине од Каиро за Ерусалим, рече дека САД го поддржуваат иранскиот народ, како и дека одлуката за „промена на режимот“ е исклучиво на граѓаните на таа земја.
– Иранскиот режим го убедува народот дека САД сакаат промена на режимот … Вашингтон со санкции ги казни сите одговорни за репресијата во Иран, рече Блинкен.
Тој нагласи и дека Иран ја поддржува Русија во војната против Украина и оти Техеран испраќа дронови и друго оружје во Москва.
Извор: МИА