Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот во Иран

Од:

Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападен Иран, јави денеска државната новинска агенција ИРНА.

Оштетени се згради во десетици градови, а повеќе од 440 луѓе се повредени, според извештајот.

Земјотресот се случил во 21 часот и 44 минути во саботата вечерта во провинцијата Западен Азербејџан, во близина на границата со Турција, соопшти Иранскиот сеизмолошки центар во Техеран.

Градот Хој беше особено погоден, но потресите се почувствуваа и во други региони.

Минатата недела најмалку 120 лица беа повредени во друг земјотрес, што се случи во северозападниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана