Тројца загинати во поплавите во Нов Зеланд, во Окленд прогласена вонредна состојба

Од:

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека три лица загинале, а најмалку едно се води како исчезнато во поплавите предизвикани од рекордните количини врнежи во Окленд, најголемиот град во земјата.

Премиерот Крис Хипкинс полета во Окленд со воен авион откако беше прогласена вонредна состојба во регионот.

„Наш приоритет е да се погрижиме жителите на Окланд да бидат безбедни, сместени и да имаат пристап до основните услуги што им се потребни“, рече Хипкинс.

Тој порача дека граѓаните доколку е можно треба да останат во домовите со предупредување дека може да наврнат уште пообилни дождови.

Вчера во Окленд наврна количество дожд што е споредено со количината што паѓа во текот на цело лето, соопшти Метеоролошкиот институт.

Дождот го блокираше сообраќајот на автопатите, а беа поплавени куќи и други објекти. Стотици луѓе останаа заглавени на аеродромот во Окленд во текот на ноќта откако аеродромот ги откажа сите летови, а делови од терминалот беа поплавени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска