Грчката полиција уапси две жени од Бразил на меѓународниот аеродром во Атина, откако беше откриено дека поседуваат повеќе од 13 килограми кокаин.
Жените се уапсени по целни претреси како дел од контролата на движењето на наркотици во Грција од јужноамериканските земји, пренесува Екатимерини.
Двете летале за Атина од Бразил и бил пронајден кокаин скриен во нивниот багаж, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека полицијата запленила и два телефони и засега непозната сума на пари.