ЕУ сака да формира обвинителство кое ќе собира докази за руските злосторства

Од:

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.

„Првиот чекор може да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази“, рече Рејндерс пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми ќе биде осигурувањето дека воените злосторства во Украина нема да останат неказнето.

Канцеларијата би била лоцирана во Хаг.

На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.

„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите