Учебниците во Бугарија ќе бидат бесплатни за сите ученици од 1 до 12 одделение

Од:

Пратениците во Бугарија едногласно со 190 „за“ во второ читање усвоија предлог закон за изменување и дополнување на законот за предучилишно и училишно образование. Со предлог-законот се воведуваат бесплатни учебници за учениците од 1 до 12 одделение, јавува БГНЕС.

Предлог-законот стапува на сила од учебната 2024-2025 година.

Гласањето помина без расправа, а по него од собраниската говорница лидерката на левицата Корнелија Нинова им се заблагодари на пратениците што едногласно го усвоија предлог-законот.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски