Нов вид на коронавирус кракен се појави во Хрватска, јавува ХРТ.
Директорот на ХЗЈЗ, Крунослав Чапак, минатиот четврток изјави дека кракен варијантата на коронавирусот веројатно е веќе присутна во Хрватска, иако досега не е микробиолошки потврдена.
„Сите претходни соеви брзо се проширија и може да се очекува дека ќе се прошири и кракенот“, рече тогаш Чапак.
„ Засега нема клинички докази дека предизвикува потешка болест“, додаде Чапак.