Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот, истакна дека Русија категорички се спротивставува на заборавање на нацистичките злосторства и спроведува политика што обезбедува да не се повторат такви злосторствата.

– Русија е категорично против заборавање на злосторствата од таков тип, што не застаруваат, наведе Путин.

Тој додаде дека Москва води таква политика што гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.

На 27 јануари 1945 година советската армија го ослободи концентрациониот логор Аушвиц, во кој беа убиени 1,1 милиони луѓе. Секој 27 јануари се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети