Јапонската полиција трага по лице кое испратило дојави за бомби и смртни закани до стотици училишта, што доведе до нивно затворање, пишува Би-Би-Си.
Заканите беа испратени по факс до средните училишта и универзитетите претходно оваа недела од број регистриран во Токио. Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици и наставници.
Во една порака се вели дека се поставени повеќе од 330 бомби.
Заканите за бомби се ретки во Јапонија, која е позната по ниската стапка на криминал. Првиот бран пораки почна во понеделникот, кој стигна до училиштата и универзитетите низ земјата. Во една префектура, Саитама, повеќе од 170 училишта добија закани за бомби, соопштија официјални лица.
Локалните медиуми објавија дека една порака тврди дека биле поставени повеќе од 330 бомби, додека друга гласела: „Поставив голема бомба“. Во некои медиуми извештаи се посочува дека во пораките се барале откупнини од 300.000 јени (2.320 долари) до 3 милиони јени.
Во вторникот, пораки со закани за убивање на ученици и професори со рачно изработено оружје беа испратени од истиот број до средните училишта во различни префектури, вклучително и Осака, како и Саитама и Ибараки во близина на Токио. Поради заканите, многу училишта беа затворени како мерка на претпазливост, иако повеќето од нив се повторно отворени.
Извор: МИА