ВИДЕО: „Доаѓам во Собрание“: Неуспешни консултации меѓу Вучиќ и партиите за Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил се обрати до јавноста за да соопшти дека ќе присуствува на седницата на Собранието на Србија на која ќе разговара за Косово со претставниците на парламентарните партии.

„Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се избориме за подобра иднина на нашата земја“, напиша Вучиќ во описот на видеото во кое меѓу другото вели:

„Пред два дена ја кажав вистината за се што се соочуваме во врска со Косово. Ништо не криев од вас. На сите политички актери им понудив разговор, да ги запознаам со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија. Рекоа дека не сакаат да разговараат, добар дел од нив го кажаа тоа. Сакаат јавна демонстрација и настап за нивното политичко делување. Жал ми е што не разбраа дека државата е поважна од политичките интереси на која било партија и секој од нас. Сепак, моја должност е да ги исполнам сите нивни барања, почитувајќи го парламентот. Ќе се појавам во Собранието и ќе одговорам на сите прашања“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски