Претседателските кандидати во Чешка повикуваат на смирување на страстите во пресрет на вториот круг од изборите

Од:

Чешкиот претседателски кандидат Петр Павел го повика денеска неговиот ривал Андреј Бабиш да престане да ги разгорува стравувањата од војна, додека Бабиш рече дека ги прекинува предизборните собири поради закани кон него и неговото семејство во пресрет на вториот круг од претседателските избори претстојниот викенд.

По многу напната кампања, Чесите на 27 и 28 јануари ќе излезат на гласање за да изберат нов претседател на местото на Милош Земан.

Чешките претседатели немаат голема извршна моќ, но ги прашуваат за надворешната политика, поставуваат премиери, шефови на централната банка, а нивното мислење е влијателно.

Павел (61), пензиониран генерал, во пресрет на вториот круг води со 53 до 59 отсто од гласовите, според агенциите за испитување на јавното мислење.

Бабиш, кој е поддржан од Земан, денеска изјави дека добил писмо во кое се наведува дека неговиот живот е во опасност доколку победи на изборите.

„Да ја запреме омразата, агресијата“, рече Бабиш на прес-конференција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница