Двајца загинати во пожар во станбен објект на Ерменската католичка црква во Истанбул

Од:

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар во станбен oбјект до Ерменската католичка црква „Свети Спас“ во истанбулскиот кварт „Бејоглу“.

„Пожарот избувна во 21:45 часот по локално време на 23 јануари“, изјави главниот уредник на истанбулскиот весник „Заманак“, Ара Гочунјан.

Тој додаде дека веднаш пристигнала екипа на противпожарна единица. На местото на настанот пристигна и ерменскиот католички архиепископ од Истанбул, Левон Жекијан.

„Пожарот избувна во стара куќа за гости која беше во реновирање. Ова е трагедија. Во гостинската куќа имало седум лица, од кои двајца починале, а уште двајца се хоспитализирани“, рече Гочунјан.

Тој додаде дека нема информации за причината за пожарот. Пожарот бил изгаснат околу 02:00 часот по локално време.

„Фала му на Бога што самата црква беше спасена, пламените јазици не стигнаа до храмот“, рече Гочунјан.

Според него, двете жртви биле членови на ерменската католичка заедница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС