Норвешката полиција објави нови детали за Андреј Медведев, поранешен висок припадник на руската платеничка група Вагнер. Тие велат дека тој бил уапсен откако руските погранични власти ги алармирале за траги во снегот во близина на норвешко-руската граница.
Медведев, кој вели дека се плаши за својот живот, моментално е во полициска станица. Се претпоставува дека станува збор за безбедносна мерка, а полицијата се сомнева дека тој илегално влегол во Норвешка. Се верува дека Медведев пеш ја преминал границата Норвешка и Русија претходно овој месец, откако претходно ја напуштил единицата на Вагнер.
„Веројатноста за депортација во Русија е нула“
Неговиот адвокат во Норвешка, Бринџулф Риснес, вели дека веројатноста Норвешка да го депортира назад во Русија е „нула“. Риснес тврди дека полицијата го привела поради „несогласување“ со мерките што треба да се преземат за да се обезбеди неговата безбедност.
Медведев даде изјава за веб-страницата Гулаг.нет, велејќи дека ќе открие се што знае за неговите поранешни работодавци од групацијата Вагнер и нејзиниот шеф, блискиот соработник на Путин, Евгениј Пригожин.
Норвешките истражители претходно објавија дека му дале статус на сведок на Медведев, кој рече дека е подготвен да сведочи за воени злосторства.