Германија ќе започне со префрлувањето на системот „патриот“

Од:

Германските вооружени сили ќе започнат со пренесување на системот „патриот“ во Полска, јавуваат германските медиуми.

Првите два од трите ракетни системи претходно ветени на полската влада ќе бидат повлечени од Гнојен во Мекленбург-Западна Померанија и испратени во Замошч, кој се наоѓа во југоисточна Полска, на околу 60 километри од границата со Украина и околу 110 километри од западноукраинскиот град Лавов.

Според соопштението на Бундесверот, целта на распоредувањето е да помогне во заштитата на полскиот воздушен простор и зајакнување на источното крило на НАТО.

Претходно, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок најави дека доколку Полска побара дозвола за испорака на германските тенкови „Леопард 2“ во Украина, таа ќе ја добие.

„Немаше такво барање. Да имаше, немаше да поставуваме никакви пречки“, изјави Бербок во интервју за француската телевизија LCI.

Во согласност со германските закони, земјите кои имаат оружје од германско производство немаат право да го реекспортираат во воената зона без согласност на германската влада.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски