ВИДЕО: Во Шпанија уапсена банда која експлоатирала украински бегалци

Од:

Шпанската полиција објави уапсила група која управувала со три фабрики за тутун во кои биле вработени Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија и живееле преполни во монтажни фабрички згради.

Уапсените се обвинети за шверц на големи количини тутун, кои се користеа за правење фалсификувани цигари, кои потоа се продаваа низ Шпанија и соседните земји, се вели во соопштението на Цивилната гарда.

Во рамките на истрагата спроведена со помош на Европол, во Шпанија се уапсени 27 лица и запленети се десет тони листови тутун и околу три ипол милиони кутии цигари во вредност од 37,5 милиони евра. Сите три фабрики, лоцирани во винскиот регион Ла Риоха на северот од земјата, јужниот регион Севиља и Валенсија на истокот од земјата, биле опремени со машини за „напредна технологија“, што им овозможуваше да произведат 540.000 кутии цигари на ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

Шпанија најави 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите