Зошто на бебињата им се дава витамин Д?

Од:

На бебињата од 15-от ден од животот до една година им се дава витамин Д во форма на капки.

Најважната улога на витаминот Д е спречувањето на појава на рахитис, кој опфаќа група од заболувања, кај кои постои појава на пореметување на минерализацијата (соединување на калциумот и фосфорот) во коските кои растат.

Најчеста причина за недоволна минерализација е недостигот на витаминот Д, кој е неопходен за вградувањето на калциумот во ’рскавиците и коските. Витаминот Д го нема во мајчиното млеко, но тој се создава во кожата, под дејство на сончевите зраци.

Кај доеничињата, кои живеат во подрачја со умерена или студена клима и кои не се изнесуваат разголени надвор во текот на целата година, создавањето на витаминот Д во кожата не ги задоволува потребите на организмот, така што децата во минатото често пати заболувале од рахитис.

Денес оваа болест успешно се спречува со додавање на витамин Д во вид на капки или во составот на адаптираните млечни формули за бебиња.

Освен во тропските и суптропските појаси, каде бебињата од раѓање се изложени на доволна количина сончеви зраци, во останатиот дел од светот витаминот Д на бебињата им се дава во форма на капки од 15-от ден од животот до првата година, а на децата родени во зимските месеци и по првиот роденден, се до пролетта.

Дозата, која е доволна да спречи појава  на рахитис изнесува 400 интернационални единици дневно, а бројот на капките зависи од јачината на препаратот, кој го дава педијатарот.

Витаминот Д на бебето му се дава со лажичка. Бидејќи количината на лекот е мошне мала, вообичаено една до две капки, со цел бебето сигурно да го проголта треба во лажичката најпрво да се стави малку мајчино или адаптирано млеко, а потоа да се стават капките.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска