Најмалку 33 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати во разорните поплави што ги погодија Филипините, соопштија денеска официјални лица.
На 1,77 милиони луѓе во 14 региони им се закануваат поплави, објави Националниот совет за контрола и управување со природни катастрофи.
Повеќе од 14.000 луѓе беа евакуирани од своите домови. Причинетата штета на инфраструктурата е проценета на речиси шест милиони долари, додека штетите што ќе ги претрпи земјоделството надминува десет милиони, велат надлежните.