Вчера во 14 часот во полиција е пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон селото Ресава, во месноста викана “Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел.
„На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството“, извести МВР.