Најмалку 28 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во југозападниот регион на Тибет, јавува Ројтерс повикувајќи се на извештај од кинеските медиуми.
Пронајдени се 53 преживеани, од кои петмина се здобиле со тешки повреди, објави Глобал тајмс, цитирајќи претставник на локалната власт.