САД воведуваат дополнителни санкции против руската групација Вагнер

Од:

Американското Министерство за финансии одлучи да воведе дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер груп“, која им помага на руските сили во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби денеска најави дека американското Министерство за финансии ќе ја означи групата Вагнер како значајна транснационална криминална организација.

Белата куќа, исто така, објави фотографии на кои се гледа како Русија испорачува пратка оружје од Северна Кореја, за која рече дека има за цел да ги зајакне силите на групата Вагнер, чии членови се борат заедно со руските војници во Украина.

Американската влада објави и фото од 18 ноември за кое тврди дека покажува руски железнички вагони кои патуваат меѓу Русија и Северна Кореја.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден беше првата што ја обвини Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката